Епицентарот на земјотресот, според EMSC, бил во океанот на 180 километри западно од градот Рединг во Калифорнија.
Засега нема информации за штети, а Националниот центар за предупредување од цунами на САД соопштил дека не се очекува цунами.
Според американските медиуми, земјотресот бил почувствуван низ северна Калифорнија.
