6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Бујар Османи и амбасадорката Кејт Мери Брнз го потпишаа Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на САД за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз, денеска, го потпишаа Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации.

Со денешното потпишување на Договорот за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации ја збогатуваме договорната рамка меѓу Македонија и САД, што претставува уште една потврда на извонредните односи и довербата која владее меѓу двете пријателски земји. Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме посветени на понатамошно јакнење на соработката во насока на постигнување долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на земјава и регионот, истакна Османи.

Безбедноста зависи од ефективната размена на информации. Овој договор ја подобрува таа витална комуникација меѓу САД и Македонија. Тоа е уште една пресвртница во зајакнување на соработката како партнери и НАТО сојузници и во работењето кон посигурна, попродуктивна иднина за сите, нагласи амбасадорката Брнз.

Со споменатиот Договорот се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести