4.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Шведска ќе ги повика сите вработени да работат од дома, поради омикрон сојот

Како дел од новите мерки против корона вирусот, Шведска ќе ги повика сите вработени да работат од дома, доколку е можно, и ќе воведат построги правила за социјално дистанцирање, соопшти денеска владата.

Според Ројтерс, бројот на нови случаи во земјата, која предизвикаа меѓународно внимание минатата година поради одбивањето да се воведе строг карантин, е зголемен во последните недели, кога постепено беа укинати повеќето мерки против ковид.

Најновите мерки против коронавирусот вклучуваат ограничување од 50 лица на приватни собири и барање на ковид пропусница за јавни настани на кои присуствуваат повеќе од 500 луѓе.

Иако бројот на хоспитализирани пациенти, како и на пациенти на интензивна нега, сè уште е меѓу најмалите во Европа, тие исто така почнаа да растат.

„Сега треба да преземеме заедничка одговорност и треба да се прилагодиме на новонастанатата ситуација“, рече премиерката Магдалена Андерсон на прес-конференција.

Таа додаде дека ги разбира граѓаните дека се уморни од пандемијата и мерките, но, како што наведе, сега имаме нов вид на вирус, што значи дека сме во нова ситуација.

Во меѓувреме, Шведската агенција за јавно здравје предупреди дека темпото на нови инфекции ќе продолжи да расте во наредните недели и ќе го достигне својот врв во јануари.

Според проекцијата, земјата би можела да има повеќе од 15.000 нови дневни случаи на коронавирус во средината на јануари, во најлошото сценарио.

Во проекцијата на Агенцијата беше земено предвид ширењето на позаразниот сој омикрон, со претпоставка дека е за 25 проценти позаразен од делтата, а земајќи ги предвид различните степени на заштита што ги нудат вакцините.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести