Имено, на снимките од надзорните камери се гледа како медицинската сестра Ана Марија Ло Брано се преправа дека ги вакцинира пациентите.
Таа ја вбризгала содржината на инјекцијата во марамче пред да ги допре рамената на пациентите.
Се се случило на саемот во Палермо, а видеото го објави полицијата.
Покрај споменатата медицинска сестра, уапсен е и лидерот на локалното антивакцинално движење Филипо Ацета и активен учесник во протестот Џузепе Томазино.
