„Желбата на нашите народи да бидат прифатени од членките на ЕУ е многупати попречена – со внатрешните политики на земјите-членки, неостварувањето на ветувањата и стравот од иднината.
„Тоа доведе до разочарување, нестабилност и отсуство на големи инвестиции. Како политички лидери на овие земји, можеме или да се жалиме – или да направиме нешто околу тоа. Се одлучивме за второто“, се вели во текстот објавен во угледниот германски весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“со наслов „Перспективи за Балканот“, а е потпишан од македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во пресрет на состанокот за Отворен Балкан…
Во меѓувреме, во Тирана се одржа најавениот протест против иницијативата организиран од албанската опозициска Демократска партија и поранешниот премиер Сали Бериша каде како што пренесоа албанските медиуми се палеле српски знамиња.
