„Дали е ова Александрија или Европа?“ е еден од коментарите.
Метеоролошката управа на Фејсбук објавила фотографии од снег на улиците на Александрија, поточно од пристанишните области Кармуз, Ал-Маншија и Александрија.
Директорот на Центарот за анализа и прогнозирање при египетската метеоролошка управа Махмуд Шахин ги предупреди граѓаните на нестабилноста на времето.
Тој ги повикал граѓаните да носат зимска облека и да возат внимателно, бидејќи минималната температура на воздухот ќе биде меѓу осум и 10 степени, а во подножјето на Синај температурата може да се спушти и до два степени под нулата.