Модните експерти велат дека постои одличен трик кој ги штити хулахопките од пукање – само треба да ги ставите во замрзнувач пред да ги облечете.
Постапката е следна – прво натопете ги, па ставете ги во кеса за замрзнување и потоа замрзнете. Оставете ги да останат во замрзнувачот преку целата ноќ. Следниот ден одмрзнете ги на радијатор и можете да ги носите. Оваа постапка ги зајакнува влакната во хулакопките и ги прави поотпорни на оштетување.

Стилистката Дениз Калдвел вели дека замрзнувањето ја зачувува бојата на чорапите, го спречува создавањето на топчиња на нив и ги одбива влакната што се лепат. Покрај класичните хулахопки, овој трик помага и кај мрежата, открива Сан.
Студот влијае на молекулите во нишките на таков начин што по враќањето на собна температура, тие стануваат поотпорни и нема да се кинат толку лесно како вообичаено.
Вреди да се проба.
