8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Во Хонгконг денеска се одржуваат првите парламентарни избори по задушувањето на продемократското движење

Во Хонгконг денеска се одржуваат првите парламентарни избори по задушувањето на продемократското движење, а Пекинг порача дека сака само „патриотите” да владеат со Хонгконг, поточно политичарите кои ја поддржуваат централната кинеска комунистичка влада.

Набљудувачите очекуваат релативно ниска излезност, бидејќи многу жители, поради мешањето на Пекинг, се откажаа од надежта за демократски промени.

Гласачките места ќе бидат отворени до вечер.

По масовните протести во Хонг Конг во летото 2019 година, гласачите во ноември истата година избраа листа на продемократски кандидати за време на изборите за окружниот совет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести