5.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Еве колку пати неделно треба да се мие косата

Мрсна коса

Ако имате мрсна кожа, Барни препорачува да ја миете косата секој втор ден, а во деновите кога не ја миете, едноставно измијте ја со вода, исушете ја и нанесете шампон за суво миење на косата. Со секојдневното миење на косата се измиваат природните масла, што не е добро решение.

Густа, кадрава коса

Ако вашата коса е густа, виткана или брановидна, треба да ја миете секој трет ден. Фризерот предупредува дека ваквата коса дехидрира со секојдневно миење. Наместо тоа, предлага да се мие со шампон секој трет ден и да се користи регенератор за да се спречи исушување.

Тенка и сува коса

Ако не ја миете доволно често тенката коса, таа ќе стане леплива. Повторно, во овој случај, во ред е да се мие секој втор ден. Во оние денови „помеѓу“, кога не ја миете, фризерот ве советува само да ја измиете со вода, за да се ослободите од вишокот маснотии – значи, без шампон.

Ако тренирате

Дури и ако вежбате, не е паметно да ја миете косата секој ден, туку секој втор ден. Во деновите „помеѓу“, без разлика дали тренирате тој ден или не, се препорачува само да ја измиете косата со вода и да нанесете малку сув шампон по сушењето.

Исклучок се само пливачите, бидејќи фризерот вели дека е многу важно да го измиете хлорот од косата што е можно поскоро по капењето. Тој ги советува да користат некој од шампоните за полесно чешлање на косата, а задолжително да користат и маска за коса.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести