„Правилата на играта повторно се сменија за рекордно време“, рече таа, посочувајќи на сојот омикрон.
Новите мерки вклучуваат затворање на театрите, кината, забавните паркови и конференциските центри, пренесува Ројтерс.
Се предлага и забрана за послужување алкохол по 22 часот, а од Данците се бара да ги ограничат социјалните контакти.
Во Данска денеска е регистриран рекорден број новозаразени, повеќе од 11.000, но стапката на смртност и хоспитализација се под минатогодишното ниво.
