8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Претрес во Охрид, пронајдено оружје

Денеска (17.12.2021) во 09.30 часот на ул.„Винковачка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Г.С.(43) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка од руско производство со калибар 16 мм, една воздушна пушка, една пушка „Црвена застава“ и повеќе куршуми од различен калибар, кои ги поседувал без дозвола.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.     

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести