23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Фаучи апелира дека поради високата преносливост на омикрон, мерката носење маски во затворен простор е од клучно значење

„Бустер“ дозата  ја зголемува имунолошката заштита на 70%, а тоа пак го намалува ризикот од развој на тешка форма на болеста, вели Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи.

“Многу наскоро ќе биде доминантен, тоа е она што се случува во Јужна Африка, истото е и во Велика Британија и мислам дека можеме да очекуваме истото да се случи овде во САД следните неколку недели. Без сомнеж вирусот е високо пренослив. Мислам дека вакцините колку што се добри се уште ќе овозможат да има пробив на инфекции. Она што се надевам дена најверојатно ќе се случи, а врз основа на она што го гледаме во Јужна Африка е дека ако добиете „засилувачка“ доза, вашата заштита од тешка болест ќе биде значително висока.“вели Ентони Фаучи, Американски епидемиолог.

Фаучи апелира дека поради високата преносливост на омикрон, мерката носење маски во затворен простор е од клучно значење.

И Британскиот премиер Борис Џонсон повика на имунизација со засилувачка доза. Британија неодамна ја воведе мерката задолжително носење маски во затворени простори и ковид сертификати за големи настани. Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека сојот омикрон најверојатно ќе стане доминантен во ЕУ во првите два месеци од 2022. Брзото ширење на новиот сој омикрон, кој сочинува приближно еден процент од новите инфекции во земјата, е причина за загриженост и претпазливост, предупреди холандскиот премиер Марк Руте. Холандија за божиќните празници ќе ги продолжи ограничувањата а по препорака на експертите таму основните училишта ќе се затворат една недела порано.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести