Најголем број починати во еден ден (134) е забележан на 3 мај, а вкупниот број на починати од Ковид од почетокот на пандемијата е 19.475, објави „Катимерини“.
На респиратори во болниците има 700 пациенти.
Повеќето интубирани пациенти (568 или 81,14 проценти) биле или невакцинирани или делумно вакцинирани, додека останатите пациенти (132 или 18,86 проценти) биле ревакцинирани.
Најнаселениот регион во Грција, Атика, забележал 1.786 случаи, додека Солун забележал 901 случај.
