Вчерашниот дневник на австрискиот јавен сервис “ORF” станал тема на сите светски медиуми, само поради еден детаљ. Водителот Роман Рафрајдер видно пијан читал вести, придржувајќи се за масата да не падне, и додека тоа многумина го сметале за забавно, неговите работодавци мислеле поразлично и го суспендирале.
“Ви посакувам убава вечер од студиото – со кратки дневни вести”, почнал Рафрајдер забавено и малку неразбирливо, поради што не чудат констатациите дека бил пијан. Овој факт го потврдиле и од “ORF”, велејќи дека Рафрајдер го водел дневникот во 21.52 на првата програма под дејство на алкохол, поради што ќе мора да ја напушти таа медиумска куќа.
“ORF жали за овој настан. Рафрајдер е суспендиран, а одделението за вработени го анализира тој случај и разгледува понатамошни акции. Рафрајдер се извини интерно за овој настан и наведе дека причините за пијанството се лични”, соопштил јавниот сервис.
#Oesterreich
— Kazim Bridges (@KazimBridges) December 15, 2021
DIE REALITÄT KANN MAN SICH NUR SCHÖN SAUFEN –
ROMAN RAFREIDER
1/2
ZIB Moderator STOCKBESOFFEN pic.twitter.com/FooebyWY6p
Од друга страна, би можело да се каже дека водителот за својот пех имал добра причина. Имено, пред вклучувањето во програма од својата мајка добил информација дека неговиот татко е на интензивна нега. Во медиумскиот сервис, сепак, се води дискусија како Рафрајдер воопшто бил пуштен да влезе во студиото во таква состојба.
Дневникот кој го водел пијаниот Рафрајдер само накратко бил објавен на нивниот сајт, меѓутоа снимката се споделува на социјалните мрежи. Маките за јавниот сервис не престанале тука, со оглед на тоа дека Рафрајдер требало да го води и дневникот од 23 часот, меѓутоа управата тоа го спречила и обезбедила друг презентер, поради што емисијата доцнела повеќе од половина час со емитување.
Рафрајдер веќе еднаш, пред три години, бил “оддалечен” од “ORF” , откако бил соочен со обвиненија за злоставување на поранешната девојка.
