16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Џо Бајден откри дека тој и неговата сопруга Џил Бајден сами си подготвуваат доручек или како што тој вели си припремаат јајца или житарки

Американскиот претседател Џо Бајден откри дека тој и неговата сопруга Џил Бајден сами си подготвуваат доручек или како што тој вели си припремаат јајца или житарки“ по будењето наутро, за време на неговото прво појавување во шоуто „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“.

Бајден (79) сака светот да знае дека тој и првата дама Џил (70) се уште се скромни, иако живеат во најпознатата куќа во Америка.

При гостувањето во споменатата емисија, претседателот открил дека побарале од кујнскиот персонал во Белата куќа да им дозволат сами да го подготват појадокот и покрај тоа што некој друг може да го направи тоа наместо нив.

„Џил и јас потекнуваме од средната класа. Двајцата завршивме факултет и работевме како машини… во секој случај, крајниот резултат е дека не сме навикнати да нè опслужуваат други“, му објасни Бајден на водителот.

И така, има некој во Белата куќа кој ќе ви подготви појадок или некој што ќе ви ја спакува облеката или некој што ќе ви ја земе чантата. Сега имаме договор. И тие се одлични “, продолжи тој.

„Момците кои ја водат кујната на вториот кат не мора да ни прават појадок. Нема потреба затоа што можеме сами да си направиме јајца или да истуриме чинија со житарки“.

Сепак, тој призна дека Џил му подготвува јајца, бидејќи неговите кулинарски вештини се „ограничени“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести