10.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Џавид: Омикрон ќе стане доминантен во Лондон во рок од 48 часа

Омикрон сочинува 20 отсто од случаите во Англија и 44 отсто во Лондон. Ниту една варијанта на Ковид-19 не се проширила толку брзо, рече Џавид, пренесува „ABC News“.

„Хоспитализациите и смртните случаи доцнат околу две недели зад бројот на заразени, така што можеме да очекуваме тие бројки драматично да се зголемат во деновите и неделите што следат“, додава тој.

Едно лице почина од омикрон

Потсетиме, едно лице во Велика Британија почина од ефектите на инфекција со омикрон. Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека новата варијанта резултирала и со приеми во болница.

Посетувајќи ја клиниката за вакцинација во Лондон, тој изјави дека луѓето треба да ја „остават настрана идејата дека омикрон е поблага варијанта“.

За жал, да, омикрон води до хоспитализација и, за жал, потврдено е дека најмалку еден пациент починал“, изјави тој.

„Значи, мислам дека треба да ја оставиме настрана идејата дека ова е на некој начин поблага верзија на вирусот и треба да го препознаеме брзото темпо со кое тој се шири низ населението“, додаде тоj

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести