-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СРБИЈА: Уапсени се 11 лица осомничени за педофилија (ВИДЕО)

Во Србија денеска во полициската акција „Армагедон“ уапсени се 11 лица осомничени од полицијата за педофилија, пренесува Kurir.rs

Се сомневаат дека тие експлоатирале малолетници за снимање порнографски содржини и поседување и прикажување малолетничка порнографија како и полово вознемирување на деца.

Уапсени се М.М.(1995) од Пирот, М.М.(1995), М.М.(1983), И.М.(1981) и Ф.Б.(1999), сите од Белград, како и Н.Т.(1995) од Топоница, А.С.(1978) од Панчево. Д.М.(1984) од Суботица и С.Н.(1981) од Турија, Ф.Р.(1996) од околината на Чачак и И.А.(1964) од Власотинце.

Тие се обвинети дека подолго време набавувале и чувале детска порнографија на интернет, а постои сомневање дека преку социјалните мрежи разговарале со малолетници на кои им испраќале порнографски содржини, но и договарале сексуални односи со нив.

При претресот на становите на осомничените, пронајдени се поголеми количества видео снимки и фотографии од малолетничка порнографија, во кои има деца на возраст од 5 до 12 години. На осомничените им е одреден дводневен притвор, по што ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести