9.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Зголемен водостојот на Вардар близу Велес

Како што информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи во Велес, вчера нивото на Вардар под Стар Мост вчера изнесувал 130 сантиметри, што споредено со саботата кога изнесувало 80 сантиметри е поголемо за 50 сантиметри. Според денешните мерења на УХМР нивото на Вардар во Велес е исто како и вчера.

Од УХМР информираат дека Вардар годинава по својот тек бележи покачување на просечниот водостој за месец декември од 36 сантиметри. Сепак од Управата не очекуваат поголема промена на водостојот во однос на вчерашниот ден.

Воедно информациите на УХМР покажуваат дека нивоата на реките во земјава во најголем дел се движат над просекот за месец декември или во рамки на просекот. Нивото на реката Вардар е повисоко од декемврискиот просек на сите четири мерни места долж неговото течение во земјава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести