Осум лица, меѓу кои седум деца, се повредени во експлозијата во Серпуховскиот женски манастир во близина на Москва.
Агенцијата РИА Новости јавува дека маж активирал рачно изработен експлозив во близина на манастирот.
Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија, која се наоѓа во рамките на манастирот.
Агенцијата наведува дека и напаѓачот е повреден и хоспитализиран.
Гимназијалците и професорите се евакуирани.
