23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Новата варијанта на коронавирусот, сојот омикрон е 4,2 пати позаразен од делтата

Новата варијанта на коронавирусот, сојот омикрон е 4,2 пати позаразен од делтата, покажува новото истражување на јапонскиот научник Хироши Нишиура, кој е и советник на јапонската влада.

Според Блумберг, ова е откритие што може да ги потврди стравувањата за високата заразност на новиот вид на коронавирусот.

Хироши Нишиура, професор на Универзитетот во Кјото, кој е специјализиран за математичко моделирање на заразни болести, ги анализирал податоците од геномот омикрон што стана доминантен во неколку земји кон крајот на минатиот месец.

„Поуспешно го избегнува имунитетот од болест или вакцинација“

„Омикрон е позаразен и поуспешно го избегнува имунитетот од болести или вакцинација“, рече Нишиура, кој ги претстави резултатите од својата студија на состанокот на Научниот совет на јапонското Министерство за здравство во средата.

Блумберг потсетува дека целиот свет е загрижен дека омикронот може да предизвика посериозни проблеми од делтата, а Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека омикронот може да предизвика зголемување на бројот на новозаразени „со тешки последици“.

Но, зголемувањето на случаите во Јужна Африка, каде првпат беше идентификуван омикронот, не доведе до пренатрупаност на болниците, што пак предизвика бран на оптимизам бидејќи досега во голема мера предизвикуваше благи симптоми на болеста. „Фајзер и БиоНтек“ објавија оваа недела дека бустер дозата на нивната вакцина може да ја зајакне заштитата од омикрон.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести