Српските медиуми пренесуваат дека Јавното обвинителство и полицијата утринава ја продолжиле акцијата за сузбивање на криминалниот клан организиран од Вељко Беливук.
Според медиумите, при претресите се запленети автомобили и парични средства вредни околу милион евра.
Освен заплените приведени се и неколку лица, меѓу кои сопругата на „Веља Невоља“ и нејзината мајка.
медиумите пишуваат дека на товар им се става продолжено кривично дело „перење пари“.
