7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

САД воведe санкции за Иран

Причината е „тешко прекршување на човековите права“ во Иран.

Санкциите се воведени во услови на продолжување на клучните разговори за спасување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, кој САД го повлекоа за време на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Санкциите се однесуваат на две специјални единици на иранските безбедносни сили, едната одговорна за одржување на редот, а другата за борба против тероризмот.

Американските власти велат дека воведуваат санкции поради репресијата на демонстрантите.

Санкции се воведени и против командантите на тие единици Хасан Карами и Мохсен Ебрахими. На мета на санкциите се и службите од два затвори во Иран, затоа што погубиле одредени затвореници.

Иранскиот преговарач за заживување на меѓународниот договор, Али Багери, претходно денеска изјави дека преговорите ќе продолжат во четврток во Виена.

Веста ја потврди и шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан.

Договорот за иранската нуклеарна програма беше потпишан во јули 2015 година во Виена од страна на Иран и „Групата 5 плус 1“, која се состоеше од пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписник во име на ЕУ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести