20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мицкоски: Денес го славиме ликот и делото на Светиот Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија да им го честитам 8 Декември, денот кога го чествуваме големиот просветител Свети Климент Охридски.Денес го славиме ликот и делото на Светиот Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква, големиот словенски просветител, книжевник, учител, првиот словенски епископ и основач на големата Охридска книжевна школа која претставува првиот своевиден словенски универзитет. Светиот Климент Охридски е длабоко врежан во македонската историска меморија, но и човек кој со своето цивилизациско дело – кириличната азбука, се запишал со златни букви во словенскиот свет, но и во европската и светска духовна и културна ризница.Тој е еден од најголемите и најдостојните ученици на Светите Кирил и Методиј, кој целиот свој живот го посветил на продолжувањето и ширењето на нивната работа. Како верен и доследен ученик на словенските просветители поминал макотрпен пат исполнет со премрежија и прогони, пат кој го издигна во еден од најголемите просветители. Неговото дело како факел носеше светлина за целиот словенски род.Македонија е особено горда на неспорниот факт дека просветителскиот бран кој го понесе Светиот Климент Охридски почна од Охрид, од Македонија и преку бројните преведени книги и учители кои произлегле од Охридската школа, се проширил во светот.Вечен нека е споменот за Свети Климент Охридски и неговото дело.Вечен и честит нека е празникот.Вечна нека е Македонија!Денес го славиме ликот и делото на Светиот Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква..стои во фејстбук статусот на Мицкоски

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести