7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во центарот на Скопјe

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во центарот на Скопје во која има и повредени лиуца. Сообраќајката се случила на раскрсницата кај „Мавровка“ и комплексот судови во Скопје.

Според првичните информации во несреќата учествувале 5 возила, а повредени се четири лица. Тие се префрлени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Во сударот учествувале пежо, пасат, БМВ, форд и голф, сите со скопски регистерски таблички. Во моментов во центарот на Скопје има голем метеж и автомобилите чекаат во место по речиси половина час, бидејќи се врши увид.

Од МВР детали за идентитетот на повредените, како и за карактерот на повредите и причините за несреќата, најавија по завршување на увидот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести