2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Бектеши: Инспекторите на ДПИ ќе почнат да прават контроли за цените во маркетите

Од денеска, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат ќе почнат да прават контроли за цените во маркетите информираше Министерот за економија, Крешник Бектеши на „Топ тема“.

„Чекаме во текот на оваа недела дополнителни информации од страна на Државниот завод за статистика и за други производи, во делот на зголемувањето за месец ноември. Ако покажат податоците, а граѓаните го чувствуваат тоа, ќе ја прошириме листата. Со тоа најверојатно ќе бидат опфатени и јајцата, оризот, но и макароните и тестенините. Одлуката ќе биде донесена најдоцна на следната седница на Владата. Ако ги имаме податоците во среда и четврток, Владата може да свика седница и пред тоа“, посочи министерот Бектеши.

На прашањето дали Владата ќе им помогне финансиски на компаниите кои произедуваат прехранбени производи и кои се опфатени со одлуката за замрзнување на основните прејхранбени производи, министерот потенцираше дека Владата во изминатите неколку години даде значителна финансиска поддршка за бизнисот.

„Во последните три/четири години стопанството е најмногу поддржано. Во последните години се одвојуваат по 15 милиони евра годишно и досега над 500 компании добиле финансиска поддршка за отварање на нови работни места, за воведување на нови производи, за нови производствени погони“, додаде Бектеши.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести