Овен Љубов: Додека блиска личност решава заеднички проблем, вие упорно повторувате „погрешни потези“ или погрешна приказна. Премногу сте вознемирени. Работа: Позицијата на Месечината влијае на вашата прекумерна сентименталност на деловните состаноци и големите амбиции. Здравје: Ќе уживате во некои од техниките на психолошка релаксација.
Бик Љубов: Состанокот со една личност изгледа досадно, затоа барате различни изговори во обид да избегнете нечие друштво. Работа: Треба да имате јасна претстава за вистинските вредности кои се забележуваат во деловните кругови. Здравје: Доколку чувствувате психолошка напнатост, вечерта посветете ја на омилената тема и релаксација.
Близнаци Љубов: Кога се среќавате со некој близок, осмислете забава која одговара на вашите заеднички потреби и вкусови. Сакате емотивна блискост. Работа: Ако се грижите за подобрување на односите со деловните партнери, прифатете нечиј совет и променете ја стратегијата. Здравје: Важно е да се усогласат мислите и чувствата.
Рак Љубов: Доколку ви е важно да привлечете нечие внимание, користете ги вашите главни адути во заведувањето. Работа: Не треба никого да убедувате во вашите добри намери или способности, чекајте го крајот кој носи деловни резултати. Здравје: Обрнете внимание на веселите содржини, опуштете се.
Лав Љубов: Нови љубовни дилеми или лошо чувство кое го имате на средба со блиска личност, влијае на вашето променливо расположение. Работа: Вашите идеи не значат многу, освен ако вашите соработници не се посветени на слични принципи во деловните и финансиските договори. Здравје: Нема потреба да се оптоварувате со „тешки мисли“.
Девица Љубов: Не сакате емоционална удобност, но нечие однесување ве потсетува на однапред режирана „претстава“ во која ви се доделува споредна улога. Работа: Нема потреба да учествувате во нова дискусија за деловни цели, постојат различни области на интерес и обврски меѓу соработниците. Здравје: Ќе уживате во психофизичка релаксација и активен одмор.
Вага Љубов: Во средбата со саканата личност, секое претерување има спротивен ефект. Не го нервирајте партнерот. Работа: Трпеливо чекајте да се смират негативните страсти и премолчете го вашето мислење. Важно е да се оцени соодветниот момент за акција. Здравје: Насочете ги мислите во позитивна насока, опуштете се.
Скорпија Љубов: Премногу чувствително реагирате на разни ситници, партнерот не забележува работи кои за вас имаат поинакво значење. Работа: Доколку некој ве предупреди да ги промените вашите барања во деловно-финансиската соработка, прифатете одреден компромис. Здравје: Важно е да се постигне психолошка рамнотежа.
Стрелец Љубов: Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Заедничката средба може да се претвори во „подобар дел од реалноста“. Работа: Поаѓате од погрешни информации, па вашите предвидувања изгледаат неубедливо. Прифатете ја добронамерната критика. Здравје: Нема потреба да се оптоварувате со „тешки теми“.
Јарец Љубов: Нема причина да бидете строги кон партнерот. Покажете дека имате доволно разбирање и емотивен слух. Работа: Некој не обрнува внимание на вашиот деловен авторитет или на коментарите што ги давате. Треба да воспоставите подобар модел на успешна комуникација. Здравје: Избегнувајте деструктивно однесување и лоши навики.
Водолија Љубов: Ве очекува емотивно задоволство кое ќе ве исполни со позитивна енергија. Уживајте во вашето избрано друштво. Работа: Не ви се допаѓаат нечии идеи. Можете да смислите паметно решение и соодветно објаснување за вашите соработници. Здравје: Во добра психофизичка форма сте.
Риби Љубов: Планирајте излегување или емотивен состанок, ќе ви годи друштвото на блиска личност. Важно е да се чувствувате пожелно покрај некого. Работа: Секогаш постои полесен или потежок пат до успехот, внимателно анализирајте ги различните предизвици и можности кои постојат на деловната сцена. Здравје: Емоционалната афирмација позитивно влијае на вашето расположение и мотивација.
