8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ескалација на протестите во Србија (ВИДЕО)

Веднаш по почетокот на саботните протести низ Србија против изградбата на рудник и фабрика за литиум, во Нови Сад изби тепачка меѓу група млади момчиња и демонстранти и повредени, објави белградската новинска агенција Бета.

Во тепачката учествувале стотина луѓе, а младите кои ја предизвикале тепачката побегнале, пренесува агенцијата.

Според очевидци, младите кои ја предизвикале тепачката се појавиле од правец на колоната блокирајќи ги запрените возила, но тие не биле во таа колона и фрлале со камења кон демонстрантите.

Според информации од терен има напади врз новинари кои известуваат од протестот, пренесе Бета.

Илјадници демонстранти ширум Србија го блокираа сообраќајот во Белград и другите градови во Србија во знак на протест против проектот за експлоатација на литиум во западна Србија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести