11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Американскиот претседател Џо Бајден и рускито челник Владимир Путин ќе имаат разговор преку заштитена видео-врска во вторник

Американскиот претседател Џо Бајден и рускито челник Владимир Путин ќе имаат разговор преку заштитена видео-врска во вторник на 7-ми декември, пренесе во саботата агенцијата Reuters повикувајќи се на Белата куќа, а информацијата ја потврдил портпаролот на Кремљ за агенцијата РИА.

Во информацијата која се повикува на информацијата од Белата куќа, се истакнува дека се очекува Бајден и Путин да разговаараат за ситауцијата во врска со Украина, во заднината на меѓусебните обвинувања меѓу Вашингтон и Киев, од една, и Москва од другата страна, за трупање војски на руско-украинската граница и наводни воени инвазии во Украина од страна на Русија и од силите лојални на владата во Киев во рускојазичните самопрогласени републики на истокот на земјата.

Се прецизира дека американскиот претседател планирал да ја изрази својата длабока загриженост за наводните руски активности во близина на границата со Украина, како и за поддршката на Вашингтон за суверенитетот и територијалниот интергитет на Украина. Бајден, исто така, има намера да се осврне на голем број други прашања, се додава во информацијата.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, потрдувајќи го датумот на виртуаелниот руско-американски самит, на прашањето кога и колку ќе траат разговорите, одговорил „Вечерта… Претседателите самите ќе одредат“.

Претходно во петокот помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков изјави дека најавениот разговор ќе претставува „важно продолжение“ на јунскиот самит во швајцарска Женева. Според него, лидерите ќе разговараат за „незадоволителната ситуација во билатералните односи“ иа можно е и да се осврнат на актуелните прашања од меѓународната агенца, како штос е ситауцијата во Авганистан, Иран, Либија, како и „внатрешната украинска криза“, како што ја дефинира Москва ситуацијата во соседната земја отфрлајќи ја својата вмешаност.

Ушаков ги брифираше новинарите и дека претседателите можеби ќе се осврнат и на проблемите предизвикани како пандемијата на коронавирусот, борбата против климатските промени и нафтените пазари.

Бајден, пак, во петокот изјави за новинарите пред заминувањето на викенд во Кемп Дејвид, дека смета на долг разговор со Путин и истакна дека не признава никакви „црвени линии, туку

„Го составувам она што верувам дека ќе биде најопсежниот и најзначајниот сет иницијативи за многу многу да му го отежне на господинот Путин да го стори она што луѓето се плашат дека ќе го стори. Свесни сме за руското дејствување долго време и моето очекување е дека име имаме долга расправа со Путин. Не прифаќам ничии црвени линии“, изјави за новинарите Бајден кој во петокот го започна викендот во Кемп Дејвид зборувајќи за руските барања.

Путин претходно на московскиот економски форум зборуваше за руските „црвени линии“ кога станува збор за Украина. Според него, за Москва тоа се распоредување офанзивни вооружувања и ракетни системи кои претставуваат закана за нејзината безбедост.

„Доколку некој вид офанзивен систем се појави на територијата бна Украина, времето на летот до Москва ќе биде 7 до 10 минути, а 5 минути во случај на поставување хиперсонично оружје. Само замислете го тоа. Што треба да сториме при такво сценарио? Ќе мораме да создадеме нешто слично во однос на оние коишто ни се закануваат на тој начин. И ние тоа можеме да го сториме сега“, рече во вторникот Путин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести