1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Ставрески ќе биде дел од работно тело за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Ставрески ќе биде дел од работно тело за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците кои ги ветиле пред граѓаните.

Во работното тело кое ќе биде раководено од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Ставрески, познат уште и по тоа што му е кум на Груевски, си поднесе оставка додека ВМРО-ДПМНе се уште беше на власт од, како што беше тогаш наведено, приватни причини, а од тогаш па до денес воопшто не се појавува во јавноста.

Шамбевски беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и амбасадор на Македонија во Кина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести