12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Од новата варијанта на коронавирус Омикрон постои трипати поголем ризик од повторна инфекција

Од новата варијанта на коронавирус Омикрон постои трипати поголем ризик од повторна инфекција од моментално доминантниот вид Делта и Бета видот на вирусот, соопштија денеска група јужноафрикански здравствени тела.

Јужноафриканскиот центар за епидемиолошко моделирање и анализа, заедно со Националниот институт за заразни болести, соопштија дека најновите наоди „обезбедуваат епидемиолошки докази за способноста на Омикрон да го избегне имунитетот од претходни инфекции“.

Нивното соопштение беше објавено откако група јужноафрикански здравствени организации објавија прелиминарна верзија на трудот, која беше претставена на научната јавност, која треба да го анализира и одобри пред да биде објавен во научно списание.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести