-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Филипче: Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часа при направени 2.674 тестирања, регистрирани се 410 нови случаи на Ковид-19, 10 починати и 290 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче, но, како што рече, дополнителна мерка во некоја форма вакцината да биде задолжителна не е исклучена, согласно со искуствата и примерите кои ќе ги даваат други земји во периодот што доаѓа.

Некои земји размислуваат и за таа мерка, но мислам дека е се уште рано. Додека тоа се осмисли, треба да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот за вакцинација во следниот период со оваа мерка за матичните лекари. Спремни сме да носиме и други препораки. Мислам дека, генерално во Европа, ова е нешто што ќе се менува. Некои земји размислуваат вакцинацијата биде задолжителна, но очигледно се уште е рано и потребна е комуникација со граѓаните. Гледано низ призмата на здравствениот систем, најпрактичен механизам ни се матичните лекари, рече Филипче.

Појасни дека заклучиле дека мерката за задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор отвора многу сериозни прашања во врска со казнувањето на тие што нема да прифатат вакцинирање, а од друга страна е и голем финансиски товар. Одредено време, како што нагласи, ќе се согледува дали ќе помогнат апелите од матични лекари за да се стимулира вакцинирањето во државава.

Во врска со загриженоста на компаниите од затворања доколку меѓу нивните вработени се рашири делта сојот или новиот сој омикрон, Филипче одговори дека не би требало да биде опција рестрикција во движење односно карантин сега кога, како што рече, имаме речиси 50 отсто опфат на вакцинирани.

-Но, не знаеме што може да се случи. Затоа е битно да се зголеми опфатот преку ваков тип апели. Од друга страна, што ќе се случи со работници кои не можат да го издржат финансискиот товар, а не сакаат да се вакцинираат. Тоа значи дека истите тие компании ќе треба тие работници да ги отпуштат. Затоа се потребни апели, дури и во големи претпријатија работодавците да апелираат нивните вработени да се вакцинираат, додаде Филипче.

Владата вчера на седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив.

На прашање дали делта сојот е влезен во земјава, одговори дека групата материјали селектирани за секвенционирање ќе заврши во петок и резултатите од секвенционирањето на речиси 50 такви брисеви ќе бидат познати идната недела.

Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 94473, Активни 3820

Куманово 12883, Активни 240

Тетово 11329, Активни 156

Прилеп 10232, Активни 435

Битола 8685, Активни 628

Гостивар 8061, Активни 28

Велес 7300, Активни 337

Кавадарци 6970, Активни 309

Штип 6578, Активни 164

Охрид 6459, Активни 289

Струмица 6106, Активни 155

Кичево 4222, Активни 77

Кочани 3999, Активни 182

Струга 3904, Активни 66

Гевгелија 2794, Активни 125

Неготино 2560, Активни 55

Свети Николе 2115, Активни 80

Крива Паланка 1890, Активни 140

Ресен 1738, Активни 96

Радовиш 1725, Активни 66

Дебар 1456, Активни 2

Берово 1446, Активни 97

Делчево 1399, Активни 139

Виница 1156, Активни 43

Пробиштип 1116, Активни 28

Валандово 935, Активни 59

Кратово 769, Активни 46

Богданци 644, Активни 36

Демир Хисар 614, Активни 78

Крушево 588, Активни 34

Македонски Брод 495, Активни 12

Демир Капија 424, Активни 7

Македонска Каменица 416, Активни 66

Пехчево 350, Активни 11

Дојран 164, Активни 4

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести