18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

САРАЕВО ГО ОТКАЖА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА

Како што било договорено на седница , градот во соработка со туристичката заедница на Кантонот Сараево ќе учествува во креирање на настаните кои се го оживеат новогодишниот дух.

Меѓутоа, Гратското собрание на Сараево изгласало откажување на дочек на Нова година, поради можно влошување на епидемиолошката ситуација.

Оваа одлука е донесена со мнозинство од 20 гласа за, еден бил против, а четворица воздржани.

Сеуште не е одлучено на што ќе бидат потрошени 50.000 конветибилни марки (25 илјади евра) кои биле планирани за организирање на Нова година. Оваа одлука треба да биде донесена на следната седница на Гратското собрание.

Од кризниот штаб при Министерството на Кантонот Сараево за Кликс.ба рекле дека тие дале јасни насоки за организирање на ваков настан во време на пандемија, но дека не давале никакви препораки за неодржување на празникот.

Слични насоки дале и за организирање на зимската сезона на Бјелашница и Игман.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести