2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава до Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања против А.Б. вработен како полицаец во полициска станица за гранични работи „Табановце“, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 1 од Кривичне законик.Имено на 21.11.2021 во 10,50 часот на граничен премин „ Табановце“ пријавениот при вршење на пасошка контрола одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид 19 предизвикана од вирусот SARS-COV-2. Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршувње на дисциплинската постапка. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести