Последните податоци објавени од Министерството за здравство, покажуваат дека заклучно со 26 ноември во државава вкупно се вакцинирани 828 770 граѓани, ревакцинирани се 794 666, а трета доза примиле 70 937 граѓани.
Комисијата за заразни болести денеска на редовниот состанок околу состојбата со коронавирусот се очекува да расправа и за новата мутација на вирусот наречена „Омикрон“. На седница на Владата, пак, утре треба да се одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против Ковид-19 надмине 70 проценти. По вчера регистрираните 333 новозаразени во државава сега се активни 8.398 ковид случаи.
Во однос на новиот сој на Ковид-19 сега е се уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот „Омикрон“ која има бројни мутации посебно во делот на спајкот и сега тука е сомнежот дека можно е да е потрансмисибилен отколку сите досегашни мутации. Меѓутоа, ние имавме и многу други мутации кои не се проширија досега. Имаше и други сценарија – делта сојот кој навистина секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи во понеделник на состанок на Комисијата за заразни болести, изјави за медиумите викендот ресорниот министер Венко Филипче.
Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го идентификуваше новиот сој Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, го именува со грчката буква омикрон и го класифицираше како загрижувачки и високо пренослив.
Во образложение за новата мерка, министерот Филипче рече дека овој предлог е резултат на истражување и оти целата идеја е матичните лекари да бидат финансиски стимулирани со по 30 денари по пацинет, кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти кој се запишани кај нив. На последната владина седница беше одлучно да се побараат дополнителни анализи за предлозите со кои се предвидуваше да се бара задолжителна вакцинација или ПЦР тест за одење на работа.
Свесен сум дека овие се едни од најтешките мерки поради што допираат во една сфера во која досега не сме имале мерки, а тоа се работните односи, работното место, меѓутоа заклучивме дека треба дополнително да истражиме и да видиме дали ќе има некои слични мерки кои нема да бидат толку сериозни, да загрозуваат нечие работно место а од друга страна ќе бидат стимулација за вакцинација и во таа смисла работевме интензивно, посочи Филипче.
Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 94010, Активни 3941
Куманово 12854, Активни 265
Тетово 11311, Активни 162
Прилеп 10154, Активни 425
Битола 8604, Активни 668
Гостивар 8059, Активни 30
Велес 7276, Активни 340
Кавадарци 6918, Активни 306
Штип 6562, Активни 192
Охрид 6435, Активни 300
Струмица 6090, Активни 165
Кичево 4221, Активни 82
Кочани 3982, Активни 194
Струга 3898, Активни 64
Гевгелија 2780, Активни 138
Неготино 2552, Активни 66
Свети Николе 2112, Активни 84
Крива Паланка 1876, Активни 142
Ресен 1734, Активни 107
Радовиш 1711, Активни 63
Дебар 1455, Активни 1
Берово 1421, Активни 91
Делчево 1382, Активни 141
Виница 1151, Активни 42
Пробиштип 1110, Активни 29
Валандово 927, Активни 55
Кратово 759, Активни 53
Богданци 642, Активни 40
Демир Хисар 608, Активни 85
Крушево 582, Активни 29
Македонски Брод 490, Активни 10
Демир Капија 423, Активни 8
Македонска Каменица 412, Активни 67
Пехчево 347, Активни 11
Дојран 161, Активни 2
