8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Израел од денеска целосно ќе се затвори за странци во следните 14 дена

Израел од денеска целосно ќе се затвори за странци во следните 14 дена, а Израелците кои ќе си дојдат назад од некоја јужноафриканска земја ќе мора да одат во карантин поради новиот омикрон-сој на коронавирусот, пишува Би-Би-Си. Израел има само еден случај на новиот сој, а многу земји веќе го забранија патувањето во регионот на Јужна Африка, од каде се смета дека потекна оваа мутација.

Тридневен ќе биде карантинот за вакцинираните Израелци, седумдневен за невакцинираните, во специјални хотели кои ќе ги одреди државата, а луѓето ќе бидат и ПЦР-тестирани. Премиерот Нафтали Бенет рече дека на луѓето во карантин ќе им бидат следени мобилните телефони, а физички ќе бидат надгледувани од изралеската безбедносна агенција „Шин Бет“.Вчера, израелските власти ставија 50 африкански нации на таканаречената „црвена“ листа. Израел потврди повеќе од 1,3 милиони инфекции со Ковид од почетокот на пандемијата, со над 8,100 смртни случаи, според американскиот универзитет Џонс Хопкинс. Во петокот беше воведена забрана за влез на странци во Израел од повеќето африкански земји.

СЗО рече дека ќе бидат потребни неколку недели за да се разбере влијанието на новата варијанта, бидејќи научниците работеа да утврдат колку е таа пренослива. Шефот на Јужноафриканската медицинска асоцијација изјави за Би-Би-Си дека случаите откриени досега во Јужна Африка – каде што само околу 24 отсто од населението е целосно вакцинирана – не се тешки, но рече дека истрагите за варијантата се сè уште во многу рана фаза.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести