2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЕВЕ ЗАШТО МНОГУ МАЖИ БИРААТ ПОСТАРИ ЖЕНИ

Многу мажи често се Заљубуваат во постари жени, а тоа е особено видливо кај познатите. Па така  со постари жени сме ги гледале Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Хју Џекмен, Жерард Пике, Џејсон Мамоа, а многу познати жени како Мадона, Џулијан Мур и Камерон Дијаз имаат помлади партнери.

Зошто се привлекуваат на тој начин можеби постои и објаснување. Книгата „Постари жени, помлади мажи“, на Фелисија Брингс и Сузан Винтер ги објави причините за 200 мажи кои се заљубиле во постари жени.

Во едно интервју, авторите изјавија дека „сакаат жените да ги прошират своите можности во врските и дека нивната намера е да го споделат она што го научиле во врската помеѓу постара жена и помлад маж“.

Во продолжение прочитајте дел од ставовите на мажите кои се во врска со постари жени:

„Лекциите што можам да ги научам од постара жена се предизвик на кој не можам да одолеам“. Винсент (32)

„Кога ја запознав Каролина, бевме на забава со пријател. Не барав постара жена, но тоа едноставно се случи. Имав 39 години, а таа 55. Нашата врска е единствена бидејќи не се заснова на секс, туку на доверба, почит и љубов. Во нашите 25 години заедно, не сме имале никакви сериозни проблеми и сè уште сме многу среќни“. Пауло (64)

„Постарите жени едноставно го имаат тој поостар интелект и тоа ме привлекува. Уживам да разговарам со некој кој е на тоа ниво на комуникација, го ценам тоа и се восхитувам. Постарите жени добро се познаваат себеси. Имаат многу да понудат “. Најџел (37)

„Емоционалната стабилност е она што ми треба и што може да ми го даде само постара жена, барем според моето искуство. Мојата партнерка е мојот најдобар пријател. Фред (28)

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести