Во малиот чешки град Лукова има црква стара околу седум века. Еден трагичен настан довел до тоа целосно да биде напуштена.
Тоа се случило во 1968 година, кога покривот на црквата паднал за време на погреб. Во селото со само околу 700 жители, тоа било доволно за да почнат гласини дека црквата е опседната.
Идејата на уметник од селото Лукова денес ја направи црквата една од најпопуларните дестинации во тој дел од земјата, бидејќи во неа живеат „духови“. Не навистина духови, туку фигури кои ги претставуваат.
Ако се плашите, тогаш оваа дестинација сепак не е за вас. Иако не се работи за вистински духови, туку за скулптури кои ги претставуваат во вистинска големина, целата сцена носи ужас.

Вкупно 32 фигури се поставени на таков начин што сцената во црквата изгледа многу реална. Некои од нив „седат“ во клупи, некои „се собираат“ крај олтарот, а некои „стојат“ на вратата, така што изгледа како да канат посетители внатре.
Црквата Свети Ѓорѓи била изградена во текот на 14 век. Најверојатно била осветена во 1352 година. Се наоѓа на врвот на еден рид во чешкото село Лукова. Ова село од Прага го дели околу 2,5 часа возење. Според податоците има 708 жители.

Со текот на времето, црквата била целосно напуштена и оставена да се распаѓа. Иако локалната заедница донела одлука да се обиде да ја спаси, едноставно немале пари за тоа. Сосема очекувано, со оглед на тоа што се работи за место со само околу 700 жители.

Сè се сменило во 2012 година. И иако се изгледало безнадежно, Јакуб Хадрава, уметник од Лукова, дошол до идеја да се обиде да ја оживее црквата. Затоа направил 32 скулптури на „духови“ во природна големина.
Фигурите се наредени на таков начин што на целиот простор му даваат страшна атмосфера.

Само една година по поставувањето на скулптурите, на мрежите беше поставен видео материјал, што многу влијаеше на неговата популарност.
Почнаа да доаѓаат туристи, но и да оставаат финансиски придонеси. Како што Питер Кукл, чуварот на црквата, изјавил во септември 2018 година, од туристите собрале над 600.000 круни за реновирањето.
Црквата е отворена по неколку часа секоја недела. Доколку ја посетите во некое друго време, секогаш можете од безбедно да ѕирнете и да ги видите „духовите“ кои живеат во неа.
