20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ДАЛИ БИ ЖИВЕЕЛЕ ВО ВАКВА КУЌА?

Бугарскиот 3Д-дизајнер Енчо Енчев има свежа идеја за подвижна куќа-робот која во иднината ќе може да ги однесе модерните луѓето да живеат во природа и во непристапни предели, а да им биде удобно како дома. Шест ногарки се доволни да ја преместуваат оваа архитектонска кутија чии убедливи слики кои ги постирал на неговиот behance.com профил стигнаа до светските портали за технологија, јавува МИА.

Внатрешноста на куќата содржи високотехнолошки елементи, па така прозорците во „паметен стил“ ја блокираат сончевата светлина кога тоа е потребно. Енчев предвидува и мебел и друга паметна технологија, простории за склад, резервоари за вода и енергетски ќелии (батерии) за жителите да можат да престојуваат удобно без електрична мрежа.

Функционалноста и практичноста на куќата се клучни во замислата. Бугаринот се осврнал и на други важни прашања како што се тежината и енергијата која ќе ја троши куќата, така што неговиот подвижен дом би се напојувал со електрични мотори, но и со помошен дизел-генератор.

Ако ништо друго, ова е одлична направа за изолација во корона-пандемијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести