20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ОН: Обој го светот портокалово: КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СЕГА!

„Обој го светот портокалово: КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СЕГА!” е насловена овогодинешната кампања за 16-те дена активизам против насилство врз жени и девојчиња која ќе мобилизира за застапување за инклузивни, сеопфатни и долгорочни стратегии, програми и ресурси за спречување и елиминирање на насилство врз жени и девојчиња во јавни и приватни простори со приоритет на маргинализирани жени и девојки.

Една од темите на овогодинешната кампања на Обединетите Нации е истакнување на успешните приказни кои покажуваат дека насилството врз жени и девојки може да се спречи со прикажување ефективни стратегии и интервенции за да се инспирираат сите засегнати.

Кампањата, исто така, ќе се осврне на промовирање на лидерството на жените и девојките во нивната различност и нивното значајно учество во креирање политики и одлучување од глобално до локално ниво, а ќе поттикне и вклучување на креаторите на политики во Форумот за еднаквост на генерациите, со цел соработка во спроведувањето на обврските и поттик за понатамошна акција за постигнување напредок во планот на Коалицијата за акција за родово базирано насилство.

Шеснаесете дена активизам против насилството врз жените и девојчињата е меѓународна кампања што се одржува секоја година. Започнува на 25 ноември, Меѓународниот ден на Елиминација на насилството врз жените, а трае до 10 декември, Денот на човековите права.

Кампањата првично потекнува од активисти на првиот Женски глобален институт за лидерство во 1991 година, потоа продолжува да се координира од Центарот за женско глобално лидерство.

Над 6 000 организации во приближно 187 земји учествуваа во Кампања од 1991 година, со досег од 300 милиони луѓе.

Речиси една од три жени на возраст од 15 години и повеќе ширум светот, како што покажуваат најновите истражувања кои ги пренесуваат Обединетите Нации, биле изложени на физичко или сексуално насилство од интимен партнер, непартнер или и двајцата, барем еднаш во нивниот животен век, што покажува дека нивоата на насилство врз жени и девојки останале главно непроменети во текот на последната деценија.

Според ОН, овие бројки не го одразуваат влијанието на пандемијата со КОВИД-19 и би биле уште поголеми доколку го вклучат целосниот опфат на насилство врз жените и девојчињата, вклучувајќи сексуално вознемирување, насилство во дигитален контекст, штетни практики и сексуална експлоатација.

Кампањата се одржува секоја година и се користи како стратегија на поединци, институции и организации ширум светот кои повикуваат на превенција и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести