Таа на заедничката прес-конференција во Берлин со полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека ЕУ мора да биде обединета по прашањето на злоупотребата на мигрантите од страна на Белорусија како „оружје“ против Полска и распоредувањето на трупи од Русија во близина на нејзината граница со Украина, пренесува Ројтерс.
„Секоја натамошна агресија врз суверенитетот на Украина носи висока цена“, рече Меркел, додавајќи дека смирувањето на ситуацијата секогаш треба да биде пожелна опција.
