spot_img
10.8 C
Skopje
четврток, ноември 25, 2021
spot_img

Нивото на водата во Охридското Езеро падна на дозволениот минимум

Нивото на водата во Охридското Езеро падна на дозволениот минимум, на котата 693,10 метри надморска височина или 16 сантиметри под просекот за овој период од годината.

Температурата на водата е 12,5 степени Целзиусови, што е за 0,3 степени под просекот за ноември.

Билјанините извори на испустот кај Студенчишта се веќе два месеци без вода, но тоа е само дел од изворите оттаму што водата се користи и како каптажа за системот за водоснабдување на градот и дел за потебите на Хидробиолошкиот завод.

Слична неповолна хидролошка состојба беше и ланската година кога во ноември водостојот падна и сантиметар под минимално дозволеното ниво од 693,10 метри надморска височина.

Дијаметрално спротивна беше ситуацијата во 2018 година кога водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максимум определне на 693,75 м.н.в., кога достигна ниво и од 694,03 метри надморска височина или 93 сантимметри повиско ниво отколку денеска.

(МИА)

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести