6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Рановски: Инспекторите ќе направат се што е потребно за да го утврдат целото движење на автобусот

Инспекторите ќе направат се што е потребно за да го утврдат целото движење на автобусот, местата каде што застанал, каде одморале возачите, брзината со која се движел. Сето тоа ќе се утврди – рече за „БНТ“ Рановски.

 Ќе има соодветни вештачења, во земјава има надлежни органи, вели тој.

Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина. Многу е важно да се открие дали автобусот се запалил пред или по ударот во заштитната ограда, па ќе се соберат сите информации. Досега немало ваков инцидент – додаде Рановски.

Тој увери дека камерите на управата се насекаде низ државата и дека можело да се забележи движењето на автобусот.

Според очевидци, автобусот застанал на почетокот на автопатот „Струма“, на бензинска пумпа, а несреќата се случила на 30 километри по паузата, објасни Рановски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести