spot_img
8.8 C
Skopje
среда, ноември 24, 2021
spot_img

Директорката на ОУ „Исмаил Ќемали”, Имери: Трагедија е за едно училиште да загуби пет ученици

Трагедија е за едно училиште да загуби пет ученици, изјави директорката на ОУ „Исмаил Ќемали”, Бурбуќе Имери по денешниот марш од училиштето од Општина Чаир во кој учениците дадоа знак на почит кон нивните соученици кои настрадаа во автобуската несреќа во Бугарија.

Тие изјавија дека со маршот сакаат да се потсетат на своите другари, петмина од ова училиште, кои вчера ги загубија животите во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Директорката во својот говор пред присутните истакна дека „овој настан што му се случи на училиштето е голема трагедија која не може да се опише со зборови“.

Сочувство првично до семејствата и до учениците и наставниците кои имаа добри моменти со учениците кои трагично ги загубија животите. Навистина немам друг коментар, многу се тажни од случајот, рече Имери.

Наставникот по етика во религиите Метуш Мемеди, додаде дека во комемореативниот марш учествувале околу илјада ученици, наставници и наставнички.

Малку сме емотивни, но мислам дека е нормално. Пет деца се од нашето училиште. Две деца од деветто одделение, едно дете од осмо одделение, едно дете од шесто одделение и едно мало девојче од второ одделение. Пред малку бевме кај семејствата. Сите плачеа, тоа е нормално, рече наставникот Мемеди.

Емотивен говор имаше и една од соученичките на загинатите. Во својот рецитал таа наведе дека целата ситуација на нив им се чини како нереална, но дека животот носи и радосни, но и тажни моменти.

Во спомен на овие ученици, младите лица кој трагично ги загубија животите, сакам да им пренесам на сите мои врсници дека болката и солзите секогаш ќе бидат присутни во нашите срца. Единствено нешто што ќе ги држи живи овие деца се спомените кој не поврзуваат со нив, затоа не се впуштајте во морето на тагата. Обидете се да бидете силни и да ја споиме нашата сила заедно, рече таа.

Пред завршување на маршот учениците положија цвеќе пред скалите на Плоштадот Скендербег во спомен на загинатите. Тие посака овој трагичен настан да биде последен и во иднина да не се случуваат вакви трагедии.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести