6.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Обвинение за насилство во Гостивар


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата обвинети, двајца мажи и една жена, на 3 јуни во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг. Оштетениот се упатил во канцеларија на нотар во Гостивар за да направи договор за купопродажба на возило. Го забележала обвинетата, која била во соседната адвокатска канцеларија на првообвинетиот и застанала пред вратата на нотарската канцеларија, па го почекала да излезе. Кога излегол, го фатила за рака и му рекла да влезе во канцеларијата а првообвинетиот. Оштетениот одбил, па сите тројца започнале на сила да го влечат и да го удираат, со боксови, шипки и други предмети. Настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни.​​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести