8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СЗО: Уште стотици илјади луѓе во Европа би можеле да умрат од коронавирусот до пролетта 2022 година

Уште стотици илјади луѓе во Европа би можеле да умрат од коронавирусот до пролетта 2022 година, проценува Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Се очекува дека одделите за интензивна нега во 49 од 53-те земји во европскиот регион кои ги покрива СЗО ќе бидат соочени со високо или екстремно оптоварување од сегашниот период до 1-ви март, предупредува одделот на СЗО за Европа.

Имајќи ги предвид моменталните трендови на континентот, се проценува дека вкупниот број смртни исходи од компликациите предизвикани од Covid-19 ќе се зголеми на повеќе од 2,2 милиони до следната пролет. Веќе во моментов е надмината бројката од 1,5 милиони смртни случаи.

Тоа може да се спречи со моментална акција, соопштија од СЗО. Само носењето маски би можело да спречи 160.000 смртни случаи до 1-ви март 2022 година, според документот на организацијата чие седиште е во Копенхаген.

„За да би можеле да живееме со вирусот и да продолжиме со секојдневниот живот, мораме да го заземаме пристапот ‘вакцина плус’“, порача регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

„Тоа значи земање на стандардните дози на вакцините, дополнителната доза доколку биде понудена и вклучување на превентивните мерки во нашата нормална рутина. Кога сето тоа ќе се земе заедно, носењето маски, миењето раце, проветрувањето на затворените простории, одржувањето на физичката дистанца и кивањето во лактот се едноставен ефикасен начин на добивање контрола над вирусот и овозможување функционалност на општеството“, додаде Клуге.

Секцијата на СЗО за Европа гледа три фактора кои стојат зад моменталниот раст на новите зарази во многу земји. Во прв ред, дека многу позаразната делта варијанта на коронавирусот доминира на континентот. Второ, земјите изминатите месеци им сигнализираа на своите населенија дека Covid-19 не е итна закана и ги ублажија мерките, меѓу кои и задолжителното носење маски. И, трето, многу луѓе и натаму се чувствителни на вирусот, бидејќи и натаму многу не се вакцинираат, сметаат во СЗО.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести