12.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

Неколку експлозии се случија во фабриката „ЕдеПро“ која произведува противградни проектили во Србија (ВИДЕО)

Неколку експлозии се случија во фабриката „ЕдеПро“ која произведува противградни проектили кај Бубањ Поток Србија, а најмалку три лица се повредени.

Како што неофицијално дознава РТС, има исчезнати лица по кои се трага.

Едно лице е пренесено на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар, две на ВМА. Станува збор за изгореници, но засега не се знае во кој степен.

Како што неофицијално дознава РТС, во фабриката каде што се произведуваат ракетите имало околу стотина работници.

Веднаш по експлозијата испратени се 11 противпожарни возила со 36 пожарникари, а потоа и засилување.

Како што соопштија за Танјуг во МВР, експлозијата се случила околу 14 часот во фабрика за производство на ракети за противградна одбрана.

Едепро потврди дека денеска се случила експлозија во нивната фабрика. Како што беше најавено, тие се на располагање на итните служби и во моментов се евакуираат работниците.

– Денеска околу 14 часот дошло до експлозија во магацинот на готови производи на нашиот производствен погон на адреса Кружни пут 187 во Лештане – соопштија од компанијата.

Според Едепро, тие во моментов даваат помош при евакуација и помош на своите вработени.

– Сите наши напори, човечки и сите расположливи ресурси се насочени кон евакуација и давање помош на вработените – наведуваат и посочуваат дека компанијата целосно соработува со сите служби за итни случаи на терен и ја дава сета можна поддршка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести