9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Во Холандија и трета ноќ по ред хаос на улиците поради ковид-мерките

Ширум Холандија и трета ноќ по ред во неделата кон понеделникот избувнаа безредија во повеќе градови каде што полицијата се судри со голем број демонстранти кои предизвикуваа пожари и фрлаа камења поради незадоволство во врска со наметнатите мерки против ширењето на коронавирусот.

Безредија се пријавени во градовите Леуварден, Гронинген, Енсхеде и Тилбург. Во Енсхеде, каде што е прогласена вонредна состојба, полицијата со пендреци се обидуваше да ги растера демонстрантите, покажуваа водео-записите објавени на социјалните мрежи. Во Леуварден полициските возила биле каменувани, а демонстрантите скандирале и палеле факели.

Во петокот вечерта, холандската полиција соопшти дека пет полицајци биле повредени во безредијата ноќта кон неделата, а најмалку 64 лица се уапсени во трите региони, вклучително и десетиците кои фрлале пиротехника и ја турнале оградата во текот на фудбалскиот натпревар на стадионот на Феенорд од Ротрдам. Меѓу судирите ноќта кон неделата беше и оној во Хаг, каде се повредени петмина полицајци, од кои еден сериозно, според полицијата.

Последните безредија започнаа ноќта во неделата во Ротердан, каде што полицијата реагирала поради зголемување на брохот на демонстрантите, а градските власти протестите ги оценија како „оргија на насилства“. Властите соопштија дека веруваат оти повторно четири лица биле погодени од предупредувачките истрели на полицијата и биле примени во болниците.

Масовните протести ги предизвика противењето на владините планови да го ограничи користењето на ковид-потврдите според шемата 2G, односно на лицата кои прележале Covid-19 или се потполно вакцинирани, исклучувајќи ги така оние кои имаат негативни PCR тестови на коронавирусот.

Холандија минатиот викенд повторно воведе мерки за изолација за 17,5 милиони жители на три седмици во обидот да се забави повторното ширење на коронавирусот, но дневниот број на новите зарази остана и натаму на највисокото ниво од почетокот на пандемијата.

Некои од младите Холанѓани, исто така, го изразија своето незадоволство и поради забраната за традиционалните огномети на новогодишната ноќ, во намерата да се избегнат дополнителните притисоци врз болниците кои веќе беа присилен да го намалат својот обем на работење поради растот на пациентите со Covid-19.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести