spot_img
8.8 C
Skopje
сабота, ноември 20, 2021
spot_img

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Овен

Добро ќе ви дојде оваа препорачана социјална дистанца. Го имате цел викенд на располагање добро да размислите во која насока ќе продолжат вашите пријателства кои многу лесно ги стекнувате, а подоцна истите тие длабоко ве разочаруваат.Бик

Нема потреба да покажувате толкава љубомора кон личности кои не ви мислат ништо лошо во животот. Мора да се изборите со своите проблеми и со тврдоглавоста по која сте препознатливи.

Близнаци

Не почнувајте ништо ново на професионален план додека трае викендот. Одморете се, чувајте ги силите за од понеделник. Размислувањата за иднината ви создаваат дополнителен стрес и непотребно си создавате паника во моментов.

Рак

Ќе имате супер викенд, баш онаков каков што одамна си посакувавте. Полни сте со идеи за подобрување на вашиот личен живот, па сега е идеално време да почнете да ги реализирате.

Лав

Избегнувајте го благото. Борбата со килограмите може да прерасне во подлабока депресија, па бидете внимателни. Не дозволувајте другите да водат грижа за вашето здравје.

Девица

Вашиот перфекционизам ќе дојде до израз токму викендов. Конечно ќе бидете задоволни од сработеното, но не заборавајте дека некои ваши блиски на моменти се иритирани токму од вашата пренагласена принципиелност.

Вага

Само со конкретни акции ќе може да покажте колку всушност вредите. Помалку зборови, повеќе дела е нешто на кое треба особено да обрнете внимание во наредниот период.

Скорпија

Ќе запознаете интересна личност токму во наредните два дена. Амбиентот ќе ве понесе, но не заборавајте дека не мора се’ да кажете за себе уште на првиот состанок. Бидете мудри.

Стрелец

Најдобро ќе биде викендов да го преспиете. Залудно ќе си го трошите времето, едноставно ѕвездите не ви се наклонети овие денови. Но, не очајувајте. Веќе наредниот викенд ве очекуваат големи промени.

Јарец

Припадниците на овој хороскопски знак можеби ќе го имаат и најинтересниот викенд. Свесни сте за вашите квалитети и лесно ќе знаете како од секоја ситуација да излезете како победник.

Водолија

Желбата за доминација ќе ви биде нагласена токму викендов. Затоа треба малку да ја спуштите топката кога е во прашање вашиот партнер. Бидете претпазливи, може сериозно да го налутите.

Риби

Избегнувајте средби со колеги од работа. Доволно сте посветени на деловен план преку неделата. Дајте си малку време за себе, на пример посетете некое излетничко место.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести