23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Хакерите го загрозиле систем на електронска пошта на ФБИ

Е-пошта испратени од серверот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) во саботата, со предупредување за можна закана од сајбер напад, биле лажни, соопшти ФБИ.

Хакерите го загрозиле систем на електронска пошта на Федералното истражно биро, објави Блумберг.

Хакерите испратиле десетици илјади мејлови од сметката на ФБИ со предупредување за можен сајбер напад, се додава во извештајот, повикувајќи се на непрофитната организација за следење закани на Интернет, „Spamhaus Project“, пренесува Ројтерс.

Организацијата, со седиште во Андора и Швајцарија, прва го пријавила инцидентот на Твитер, наведувајќи дека била информирана за „застрашувачки“ мејлови кои наводно дошле од ФБИ и Министерството за внатрешни работи на САД.

Е-поштата предупредуваа на „софистициран верижен напад“ врз сајбер инфраструктурата на примателите.

ФБИ е свесен за лажни мејлови кои потекнуваат од неговите сметки, се вели во соопштението на Бирото.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести