Бројот на пациенти хоспитализирани поради коронавирусот малку се намалил на 3.557, а 542 се во тешка состојба, објави Ројтерс.
Чешка има 10,7 милиони жители. Учениците од сите основни и средни училишта во Чешка ќе бидат тестирани за корона вирус, соопшти денеска министерот за образование Роберт Плага. Тој објасни дека 1,4 милиони ученици ќе бидат тестирани во два круга на 22 и 29 ноември. Чешка со денови бележи повеќе од 10.000 новозаразени со вирусот, а препораката за масовно тестирање на децата ја дале медицинските експерти. Брзите тестови ќе бидат дистрибуирани низ целата земја од пожарникари, пренесува АП.
Министерот за здравство Адам Војтех најавил разговори меѓу членовите на владата во заминување и опозицијата, која ќе формира нова влада, за дополнителни мерки против пандемијата на Ковид 19.
„Клучно е да сме обединети“, рече тој, додавајќи дека двата тима се согласуваат дека вакцинацијата е важна.
